Дома Македонски спорт Mилевски: Да ги поправиме грешките и да докажеме дека Македонија игра добар фудбал!

Mилевски: Да ги поправиме грешките и да докажеме дека Македонија игра добар фудбал!

Oд Тбилиси Јовица Симоноски

Македонската фудбалска репрезентација утре го игра натпреварот од претпоследното коло во Лигата на Нации, наш противник ќе ни биде добро познатата репрезентација на Грузија.

На денешната прес-конференција селекторот Благоја Милевски повторно истакна дека се соочуваме со проблеми па затоа има и освежувања во тимот. И покрај проблемите ќе се бориме се додека имаме и најмали шанси.

“Бевме добри во баражите со Италија и Португалија кога бевме комплетни. За жал, овој циклус го почнавме со големи проблеми поради повреди и бевме приморани да го освежуваме тимот непланирано и постојано. Македонија во моментов е конкурента во својата група и се додека постојат и најмали шанси ние ќе се обидеме да ги искористиме.”

Милевски не ја потценува и добро знае дека Грузија е квалитетна репрезентација.

Никогаш не се навраќам на она што е поминато. Нивните резултати покажуваат дека се во одлична фора и играат поразличен фудбал него предходно. Ние ќе се обидеме да ги исправиме грешките и пропустите од првиот ме во Скопје и ќе дадеме се од себе за да докажеме дека Македонија игра добар фудбал“.

„Ако не сметаме дека можеме да победиме немаше да доаѓаме тука. И во Скопје одигравме добро но ете таков е фудбалот. Секако дека сметам дека можеме да победиме“, порача селекторот.

Во групата Македонија е втора на табелата со три бода помалку од Грузија и токму затоа за нас само победата е опција ако сакаме да останеме во игра за првата позиција во последното коло.

Натпреварот против Грузија го играме утре од 18:00 часот.

Фото: Игор Паневски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Претседателот на Интер лут на тренерот Инзаги

Притисокот врз тренерот на Интер, Симоне Инзаги се повеќе се зголемува после серијата на л…