Дома Фудбал Италија Mилан ќе го отпушти Пиоли?

Mилан ќе го отпушти Пиоли?

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли наскоро би можел да ја напушти својата функција, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Управата на клубот од „Сан Сиро“ и понатаму му верува на тренерот, но би можела да се предмосли ако ситуацијата во екипата не се промени многу брзо. „Росонерите“ се во серија од три порази во првенството, а во последните пет првенствени натпревари освоија само два бода и во овој момент се на делба на петтата позиција со 38 бодови.

Во случај актуелниот шампион да продолжи со лошите резултати под сериозен знак прашалник ќе се доведе пласманот во квалификациите за Лигата на шампионите. За тоа цената би можел да ја плати Пиоли кој на клубот му ја донесе првата титула уште од 2011 година.

57-годишниот тренер е во Милан од октомври 2019 година, а работеше и во други клубови на Апенинскиот полуостров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Марко Алчевски се врати во Македонија!

Фудбалскиот клуб Тиквеш денеска го претстави своето ново засилување за претстојната сезона…