Дома Фудбал Договорен е еден од најголемите трансфери во историјата!

Договорен е еден од најголемите трансфери во историјата!

Непосредно пред да го прослави својот 24-ти роденден, Бредли Баркола ќе добие нов клуб во кариерата која ќе му остане запаметена. Левото крило кое досега играше за ПСЖ и ја претставуваше Франција, по се изгледа, ќе потпише договор со Ливерпул.

Доверливиот новинар Дејвид Орнштајн соопшти: “Ливерпул ги финализираше деталите за трансфер на Бредли Баркола од ПСЖ. Крилниот напаѓач на парижаните ќе се пресели за фиксен износ од 106 милиони фунти, со дополнителни 17 милиони фунти како бонус. Прерачунато во евра, тоа изнесува 125 милиони плус 20 милиони. Овој фудбалер на Франција ќе оди на медицински прегледи и ќе потпише петгодишен договор со Ливерпул во следните 24 часа.”

Баркола пристигна во ПСЖ пред три години од Лион за 45 милиони евра. Оттогаш, одигра 152 натпревари, постигнувајќи 39 погодоци и направејќи 37 асистенции. Освои три француски првенства, два пати Лигата на шампионите и два домашни купа, како и еден интерконтинентален куп. Според ценовникот на Трансфермаркт, неговата моментална вредност се проценува на 90 милиони евра.

Најскапи трансфери во фудбалската историја:

1. Нејмар од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра

2. Килијан Мбапе од Монако во ПСЖ за 180 милиони евра

3. Александер Исак од Њукасл во Ливерпул за 145 милиони евра

4. Морган Роџерс од Астон Вила во Челси за 137 милиони евра

5. Елиот Андерсон од Нотингем во Манчестер Сити за 135 милиони евра

6. Жоао Феликс од Бенфика во Атлетико Мадрид за 126 милиони евра

7. Јан Диоманде од Лајпциг во Реал за 125 милиони евра

8. Енцо Фернандес од Бенфика во Челси за 121 милион евра

9. Антоан Гризман од Атлетико во Барселона за 120 милиони евра

10. Филип Кутињо од Ливерпул во Барселона за 118 милиони евра

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рашфорд го одби Фенербахче, но може да биде „бомбата“ во последниот ден од преодниот рок?

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, ја одби понудата од турскиот Фенербахче. …