Дома Фудбал Кристијано Роналдо како Леброн Џејмс – наскоро ќе игра со својот син?

Кристијано Роналдо како Леброн Џејмс – наскоро ќе игра со својот син?

Ал Наср размислува за можноста следната сезона во првиот тим да го приклучи Кристијано Роналдо Младиот, 15-годишниот син на португалската легенда Кристијано Роналдо, пренесуваат медиумите во Арабија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што се наведува, конечната одлука ќе се донесе по завршувањето на тековната сезона, по детална проценка на развојот на младата играчка и неговата потенцијална улога во сениорскиот состав.

Стручниот штаб на клубот планира да спроведе техничка и тактичка анализа за да утврди до која мера може да придонесе за првиот тим.

Можната промоција на Роналдо помладиот се совпаѓа со плановите на управата поврзани со иднината на неговиот татко кој има важечки договор со клубот уште една сезона, а челниците на Ал Наср сакаат да го задржат и во наредниот период за да го искористат неговиот максимум на теренот.

Ал-Наср моментално е на прво место на табелата на саудиската професионална лига со 76 бодови и се смета за еден од главните кандидати за освојување на титулата, а еден од најзаслужните за тоа е и Роналдо со 26 голови на 30 настапи во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од денеска е јасно дека Златан Ибрахимовиќ одлучува за апсолутно сè во Милано

Ситуацијата во Милано повторно е во центарот на вниманието на италијанските медиуми по нов…