Македонската фудбалска легенда Горан Пандев веќе три дена е тема во италијанските медиуми откако и официјално објави крај на кариерата. Пандев во 2001 година како тинејџер дојде во младинскиот тим на Интер, а подоцна го носеше дресот на Анкона, Лацио, Наполи, Галатасарај, Џенова и Парма. Со Интер ги освои сите клупски трофеи, а со Македонија заигра на Европското првенство па …