Дома Фудбал Репрезентации „Кога Хрватска го победи Бразил, си рековме – ние сме светски шампиони“

„Кога Хрватска го победи Бразил, си рековме – ние сме светски шампиони“

Репрезентацијата на Хрватска на Светското првенство во Катар одигра одлично и на крајот го освои бронзениот медал.

На патот до полуфиналето Хрватска го елиминираше Бразил кој од почетокот важеше за еден од главните фаворити за освојување на Мундијалот. Победата на Хрватите на големо се славела и помеѓу Аргентинците.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Секако е за очекувања да имало задоволство кај нив, а сега Папу Гомез потврди дека и тоа како се славело.

„Пред нашиот четвртфинален натпревар се сретнаа Хрватска и Бразил. Тој натпревар го следевме со голем интерес затоа што знаевме дека со некоја од овие две репрезентации ќе играме во полуфиналето. Хрватска и Бразил одлучуваа во продолженијата, а ние веќе моравме да излеземе на загревање, но ги догледавме пеналите“.

„Пред да започне натпреварот сите се сложивме дека ако Бразил загуби – ние сме светски шампиони. Знаевме дека ќе ги победиме Хрватите, кога тие победија против Бразил, ние славевме повеќе од нив“, изјави Гомез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…