Дома Фудбал ФИФА игра своја игра: САД домаќин и на мундијалот 2038 година?

ФИФА игра своја игра: САД домаќин и на мундијалот 2038 година?

Соединетите Американски Држави разгледуваат можност да аплицираат за домаќин на Светското првенство во 2038 година, кое според плановите на ФИФА, би можело да се прошири на дури 64 репрезентации.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Идејата за уште еден голем турнир во САД доаѓа само 12 години откако оваа земја ќе биде еден од домаќините на Мундијалот 2026 во соработка со Мексико и Канада.

Според написите на BBC Sport, американските фудбалски власти сметаат дека постојната инфраструктура во земјата би можела да игра клучна улога во потенцијалната кандидатура. Големиот број стадиони кои веќе ги задоволуваат стандардите на ФИФА претставуваат значајна предност во споредба со другите потенцијални кандидати.

Еден од главните аргументи на застапниците на оваа идеја е финансискиот аспект. Според извештаите, САД веќе имаат изградени стадиони и не би морале да вложуваат десетици милијарди долари во нова инфраструктура, а вкупните трошоци за организација би биле значително помали и се проценуваат на неколку милијарди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инцидент на Мундијалот: Скандал и тепачка во тимот, драма и на тренингот!

Атмосферата во репрезентацијата на Панама целосно ескалираше пред последниот натпревар од …