Дома Фудбал Репрезентации Tрагичарот на Франција: Можев да го лобувам Мартинез, да додадам до Мбапе…

Tрагичарот на Франција: Можев да го лобувам Мартинез, да додадам до Мбапе…

Репрезентацијата на Аргентина на Светското првенство во Катар стана нов светски шампион откако во финалето ја победи Франција по подобро изведувањето пенали.

Меѓутоа можеше и да не дојде до пенали и Французите да слават. Рендал Коло Муани ќе беше херој на целата нација ако ја реализираше 100% прилика во последните моменти од второто судиско продолжение.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Емилијано Мартинез во таа ситуација запиша спектакуларна одбрана и обезбеди пенали каде што Аргентина беше подобра. Иако од финалето помина еден месец Муани се уште мисли на тој момент и веројатно така ќе биде уште долго.

„Таа шанса се уште ми поминува низ главата. Кога ја добив топката прво нешто што ми падна на памет беше: Тоа е тоа Рендал, мораш да шутираш. Сакав да шутирам крај поблиската статива, но Мартинез одлично интервенираше.

Кога сега ја гледам ситуацијата сфаќам дека имав и други опции, можев да го лобувам Мартинез, да го проиграм Мбапе…Во грлото се уште имам кнедла и така ќе биде засекогаш“, изјави фудбалерот на Ајнтрахт Франкфурт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…