Англиските медиуми пишуваат дека Садио Мане наскоро би требало да потпише нов договор со Ливерпул. Фудбалерот од Сенегал пристигна на „Енфилд“ во 2016 година од Саутемптон, а беше платен 34 милиони фунти. Сега тој е еден од најдобрите фудбалери во клубот, а одигра 130 меча за „црвените“ и постигна 65 гола, а сезонава има постигнато шест гола на седум меча. …