Дома Фудбал Англија Уште еден важен потпис на „Олд Трафорд“ (фото)

Уште еден важен потпис на „Олд Трафорд“ (фото)

Виктор Линделоф е вториот важен фудбалер на Манчестер Јунајтед кој оваа недела потпиша нов договор со клубот од „Олд Трфаорд“.

Со новиот договор Швеѓанецот се обврза на верност кон „црвените ѓаволи“ до 2024 година со опција за продолжување на додатни 12 месеци.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


25-годишниот дефанзивец пристигна во Манчестер Јунајтед во 2017 година и до овој момент има запишано 74 меча за „црвените ѓаволи“.

„Уште кога пристигнав во Јунајтед се чувствувам тука како дома. Во последните две години пораснав многу како личност и како фудбалер, за што сум му благодарен на сите во клубот. Целта ми е да му помогнам на клубот да освојува трофеи во иднина“, изјави Линделоф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …