Дома Фудбал Англија Видео: Тотенхем испушти два гола предност против Олимпијакос

Видео: Тотенхем испушти два гола предност против Олимпијакос

Денешниот ден во Лигата на шампиони започна со две ремија, а возбудливо беше во Атина каде Олимпијакос анулираше предност од два гола на Тотенхем.

Тотенхем дојде до предност во 26-та минута преку Хари Кејн, кој беше прецизен од белата точка. Само пет минути подоцна Лукас Моура зголеми на 2:0 со фантастичен гол од дваесетина метри.

Во последната минута од првото полувреме домаќините намалија на 2:1 преку Поденсе. После девет минути игра во вториот дел Валбуена беше прецизен од белата точка за конечни 2:2.

Другиот меч помеѓу Бриж и Галатасарај заврши исто така без победник, но и без голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се појави вест за Де Јонг во која ретко кој ќе верува

Френки де Јонг го отфрли советот од медицинскиот тим на Барселона за операција на коленото…