Дома Останати Кошарка Ембид имаше голема среќа – за малку ќе заработеше бизарна повреда (Видео)

Ембид имаше голема среќа – за малку ќе заработеше бизарна повреда (Видео)

Слабо започна сезоната за Филаделфија, но како што поминува времето, доаѓаат и подобри игри и резултати. Кошаркарите на Филаделфија ги поразија актуелните шампиони Бостон Селтикс на божиќната вечер со 118:114 и запишаа осма победа во последниве единаесет дуели во НБА лигата.

Натпреварот имаше прилично интересен тек и го оправда тоа што беше закажан за ден кога традиционално се игра кошарка во Америка.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Филаделфија одеше од плус од четиринаесет поени до минус, па назад до двоцифрена разлика, а на крајот извојува релативно лесна победа. Сето тоа го следеше Џоел Ембид, како и секогаш, со неговите контроверзни гестови.

Центарот мавташе кон публиката на крајот од дуелот, откако токму навивачите го „нападнаа“, а тој заедно со Тајрис Мекси беше најефикасен играч во својот тим. Камерунецот постигна 27 поени и девет скокови, додека плејот имаше 33 поени и 12 асистенции.

Ембид, исто така, за време на загревањето во Масачусетс за малку ќе се повредеше, и тоа на навистина бизарен начин.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Херисон го избрка Дончиќ од Далас, а сега сака да ангажира Дурант

Генералниот менаџер на Далас Маверикс, Нико Херисон, истакна дека сака да го доведе Кевин …