Најдобриот кошаркар на Филаделфија, Жоел Ембид се здобил со скршеница на коската под окото и благ потрес на мозокот, па ќе биде надвор од терените на неодредено време.
Засега не е познато од каков карактер е повредата на Ембид, но во клубот стравуваат дека можат да бидат без него во плеј-офот против Мајами. Фрактурата под окото веројатно не е толку страшна и ќе може да игра со заштитна маска, но поради потресот на мозокот ќе мора да паузира најмалку пет дена, така сигурно би го пропуштил првиот дуел со Хит.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Лекарскиот тим на Мајами повторно ќе направи прегледи на Ембид следната недела и тогаш ќе се знае дали тој ќе може да игра и покрај таа повреда на окото. Повредата Ембид ја заврши во шестиот натпревар против Торонто во кој Филаделфија славеше со 132:97.