Дома Фудбал Иран ја тужи ФИФА и бара отштета од дури 850 милиони евра

Иран ја тужи ФИФА и бара отштета од дури 850 милиони евра

Светското првенство уште трае, а ФИФА веќе се соочува со огромен скандал. Американско-иранскиот државјанин Лотфолах Каве Афрасиаби поднесе тужба против Светската фудбалска федерација и нејзиниот претседател Ѓани Инфантино, барајќи оштета од дури 850 милиони евра поради, како што тврди, дискриминација која доведе до елиминација на Иран од Мундијалот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тужбата е поднесена во Федералниот суд во Бостон во име, како што се наведува, 91 милион Иранци, а во центарот на спорот е поништениот гол на Шоџаеа Калилзадеа против Египет во третата минута од продолжението на групниот натпревар. Голот беше поништен по проверка со ВАР поради офсајд, со што Иран остана без пласман во нокаут фазата на Светското првенство.

Афрасиаби тврди дека поседува “јасни и необорливи докази” дека одлуката била неправедна, како и дека репрезентацијата на Иран била изложена на нееднаков третман во однос на останатите учесници на турнирот.

Во тужбата се наведува дека иранскиот тим се соочил со бројни проблеми надвор од теренот, вклучително и ограничувања во патувањата, ненадејна промена на тренинг центарот и одбивање издавање визи за дури 11 членови на делегацијата. Според нивните тврдења, токму ваквите околности сериозно влијаеле на настапот на репрезентацијата на Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул откри споменик на Диого Жота и неговиот брат на Енфилд (Фото)

Ливерпул на првата годишнина од смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва откри тра…