Дома Фудбал Ливерпул откри споменик на Диого Жота и неговиот брат на Енфилд (Фото)

Ливерпул откри споменик на Диого Жота и неговиот брат на Енфилд (Фото)

Ливерпул на првата годишнина од смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва откри траен споменик на Енфилд. Споменикот наречен „Засекогаш 20“ се наоѓа на Авенијата 97, местото каде што навивачите спонтано се собираа за да остават цвеќе и пораки по трагедијата, создавајќи трајно место за сеќавање за навивачите и семејството.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Споменикот е поставен на Авенијата 97, во близина на Главната трибина, токму затоа што таму илјадници навивачи се собираа за да оддадат почит на браќата по нивната загуба. Делото на скулторката Ема Роджерс е обликувано како стилизирано срце, инспирирано од карактеристичното славје на гол на Жота. Од различни агли, споменикот го открива бројките 20 и 30, а во него се врежани и стихови од песната која ги пееше трибината Коп во чест на Жота.

Откривањето на споменикот го обележа првата годишнина од сообраќајната несреќа во Шпанија која ги однесе животите на Жота и Силва. Од клубот порачаа дека споменикот ќе служи како траен симбол на љубов, заедништво и сеќавање, но и како место каде навивачите можат да застанат и да оддадат почит. “Фудбалскиот клуб Ливерпул денеска се сеќава на Диого Жота и Андре Силва”, стои во официјалното соопштение. “На денеска, 3 јули, се навршува првата годишнина од трагичната сообраќајна несреќа во Шпанија во која животот го загубија напаѓачот на Редс и неговиот брат.”

We have installed a permanent memorial at Anfield in tribute to Diogo Jota and his brother André Silva, on the eve of the first anniversary of their tragic passing ❤️— Liverpool FC (@LFC) July 2, 2026

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иран ја тужи ФИФА и бара отштета од дури 850 милиони евра

Светското првенство уште трае, а ФИФА веќе се соочува со огромен скандал. Американско-иран…