Дома Останати Кошарка Ембид повторно се повреди и го чека пауза

Ембид повторно се повреди и го чека пауза

Кошаркарот на Филаделфија, Џоел Ембид ќе отсуствува од теренот најмалку една недела поради фрактура.

Ембид ќе биде повторно прегледан по една недела, јави познатиот инсајдер на Американската професионална кошаркарска лига (НБА), новинарот на ЕСПН, Шамс Чаранија.


Дерби на Италија во Серија А и битка за титула во Бундеслига ↓↓↓


Ембид веќе пропушти 17 натпревари на неговиот тим оваа сезона, а Филаделфија се наоѓа на 12. место на табелата на Источната конференција со седум победи и 16 порази.

Центарот на Филаделфија не одигра повеќе од 68 натпревари во една сезона во неговата кариера, додека пропушти поголем дел од минатата сезона поради повреда на коленото.

Ембид, кој во септември потпиша нов тригодишен договор со Филаделфија вреден 193 милиони долари, ги пропушти првите две сезони од својата кариера поради повреда на стапалото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Нови неочекувани детали за трејдот на Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс

Трејдот на Лука Дончиќ од Далас Маверикс во Лос Анџелес Лејкерс ги шокираше сите и веќе со…