Дома Останати Кошарка Филаделфија создава „супер-тим“!?

Филаделфија создава „супер-тим“!?

Само еден ден по шокирањето на НБА лигата со доведувањето на Џејлен Браун од Бостон Селтиксите, Филаделфија Севентисиксерсите се вклучија во трката за Леброн Џејмс.

Како што пренесува инсајдерот на ЕСПН, Шемс Чаранија, челниците на Филаделфија веќе се обидуваат да го убедат најдобриот стрелец во историјата на НБА лигата токму во Пенсилванија да ја продолжи својата неверојатна кариера.

Покрај Севентисиксерсите, за потписот на Леброн заинтересирани се и Голден Стејт Вориорсите, Кливленд Кавалирсите и Мајами Хитот, а очекувањата се дека четирикратниот МВП нема да се брза со одлуката каде ќе ја игра својата 23. НБА сезона.

Филаделфија во среда ја реализираше една од најголемите разменувања на летото, бидејќи во Бостон го испрати Пол Џорџ, два избора од првата и два избора од втората рунда на драфтот, а во спротивен правец пристигна Џејлен Браун.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Францускиот клуб Асвел казнет поради долг кон кошаркар на Партизан

Асвел казнет со забрана за трансфери поради долг кон Жофри Ловерњ. …