Дома Фудбал Реакција на хрватска навивачка стана хит: Сите можат да разберат што кажа (Видео)

Реакција на хрватска навивачка стана хит: Сите можат да разберат што кажа (Видео)

Фудбалската репрезентација на Хрватска го заврши настапот на Светското првенство, откако изгубија од Португалија со 2:1.

Португалците го постигнаа победничкиот гол во 93. минута преку Гонкало Рамош, а нешто подоцна Хрватите успеаја да ја затресат мрежата преку Јошко Гвардиол.

Сепак, голот на одбранбениот играч на Манчестер Сити беше поништен поради офсајд позицијата во која претходно се најде Марио Пашалиќ.

Се дебатираше дали Игор Матановиќ ја допрел топката пред да стигне до Пашалиќ, а на крајот сензорот во топката ја имаше последната одлука, покажувајќи дека напаѓачот на Хрватска и Фрајбург ја погодил топката пред да ја прими играчот на Аталанта.

Овој сензор разочара многу хрватски навивачи, вклучувајќи ја и навивачката која беше на трибините на стадионот во Торонто, која во тие моменти беше очигледно изнервирана.

Инаку, Португалците си обезбедија пласман во осминафиналето, каде што во понеделник ќе се соочат со Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Леао сака само во Галатасарај, на Аморим му паѓа огромен товар од грбот?

Милан успешно ја започна новата сезона во италијанското првенство во недела вечер, но побе…