
Додека англиските репрезентативци по победата над Демократска Република Конго поминуваа низ микс-зоната, една сцена го привлече вниманието на љубителите на фудбалот ширум светот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Многу играчи брзаа кон излезот и не се запираа за да дадат изјави на собраните новинари. Меѓу нив беше и Џуд Белингем, кој наеднаш се сврти и се врати.
Причината беше повикот на новинарот од Венецуела, Ману Гутиерес, кој го повика споменувајќи ја својата земја погодена од разорните земјотреси. Белингем веднаш застана и му пристапи на новинарот за да го слушне неговото прашање.
Наместо прашање за натпреварот или неговата игра, новинарот го замоли англискиот играч од средниот ред да упати неколку зборови поддршка на граѓаните на Венецуела кои минуваат низ тежок период по природната катастрофа.
Белингем не размислуваше долго.
“Сакам многу среќа на сите луѓе во Венецуела. Ви испраќам многу љубов”, порача ѕвездата на Реал Мадрид, по што продолжи кон соблекувалната.
Видеото од овој момент брзо стана вирално на социјалните мрежи, каде навивачите ја пофалија човечноста на Белингем и фактот што издвоил неколку секунди за да пружи поддршка на луѓето на кои им била потребна.