Дома Фудбал Натан Аке го напушти Манчестер Сити

Натан Аке го напушти Манчестер Сити

По шест сезони во Манчестер Сити, дефанзерот Натан Аке го напушта клубот и се приклучува на Фенербахче. Турскиот гигант ја објави зделката без да открие детали.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Нашиот клуб постигна договор со холандскиот репрезентативец Натан Аке и потпиша договор со него. Нашиот нов играч, кој учествуваше на Светското првенство, ќе се приклучи на тимот за време на подготвителниот камп во Австрија по завршување на неговиот заслужен одмор“, објавија „фенерите“.

Неодамна 31-годишниот бранител беше споменуван и за Интер, а пред тоа беше во плановите на Барселона и Атлетико Мадрид.

Сити го зема Аке во 2020 година од Борнмут за 45,3 милиони евра. Со дресот на „граѓаните“ тој освои 12 трофеи, меѓу кои четири титули на Англија и една во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Драмата на пеналите го одведе Египет и Салах во осминафиналето

Египет драматично ја елиминираше Австралија во шестнаесетфиналниот дуел од Светското првен…