Дома Фудбал Италија Елмас во тимот на колото во Серија А

Елмас во тимот на колото во Серија А

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас игра одлично во дресот на Торино, а  доказ за тоа е и изборот на нашиот репрезентативец во тимот на колото во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Елмас беше стрелец во ремито на Торино против Парма, што беше трет негов гол откако пристигна во зимскиот преоден рок.

Елмас со оценка 7,0 доби признание откако се најде во тимот на колото во кој се наоѓаат и: Раду (Венеција), Запакоста (Аталанта), Валери (Парма), Бириндели (Монца), Пулишиќ (Милан), Де Роон (Аталанта), Чалханоглу (Интер), Крстовиќ (Лече), Лукаку (Наполи) и Пелегрино (Парма).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн сака да го задржи Кејн со нов договор

Баерн Минхен планира да започне преговори за продолжување на договорот со својот голгетер …