
Многу се зборува во последно време за Хари Кејн и за тоа каде ќе ја продолжи својата фудбалска кариера.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За неговите услуги во последните месеци се интересираа многу клубови, а наводно и Барселона беше заинтересирана за овој одличен напаѓач.
Сепак, подготвена е и првата вистинска понуда за Кејн кога станува збор за неговата кариера.
Како што пренесува Фабрицио Романо, Баерн од Минхен од август планира да започне преговори со англискиот напаѓач околу новиот договор.
Во Баерн сакаат да ја продолжат соработката со еден од своите најважни фудбалери. Поради тоа, на Кејн ќе му бидат претставени новите договорни услови. Клубот сака што побрзо да ги отвори разговорите и да се обиде да постигне договор со својот најдобар стрелец. Сепак, конечната одлука нема да зависи само од Бајерн. Според информациите на Фабрицио Романо, последниот збор ќе го има Хари Кејн заедно со своето семејство. За сега не е познато какви ќе бидат условите кои ќе ги понуди Бајерн ниту пак колку би траел новиот договор.