Дома Фудбал Манчини си ја отвори душата: Ќе ја вратам Италија на врвот и верувам ќе ми простат!

Манчини си ја отвори душата: Ќе ја вратам Италија на врвот и верувам ќе ми простат!



Откако повторно беше назначен за нов селектор на Италија, Роберто Манчини призна дека заминувањето од чело на Аѕура било огромна грешка и недоразбирање за кое длабоко жали.

“Тоа е како да ја изгубите љубовта на вашиот живот. Ќе се потрудам тимот играта да биде толку добра што на крајот ќе ми простат,” изјави Манчини откако повторно ја презеде селекцијата која трипати по ред го пропушти учеството на Светското првенство.

Тој нагласи дека она што се случи пред три години, кога замина од клупата на Италија, беше резултат на недостаток на комуникација меѓу него и тогашниот прв човек на италијанската фудбалска федерација.

“Ако седневме и разговаравме лице во лице, сè би било сосема поинаку. Репрезентацијата е нешто извонредно важно, тоа е како да загубите љубов која сте ја градиле. Ова значи дека сте направиле грешки. Не е важно колку сте биле добри претходно, очигледно е дека сте погрешиле во нешто. Жал ми е за сè што се случуваше последниве три години, но судбината и Малаго ми дадоа шанса за нов почеток. Ќе вложам сè од себе да ја вратам репрезентацијата онаму каде што припаѓа,” додаде Манчини.

Манчини е последниот селектор кој ѝ донесе трофеј на Италија од некое натпреварување, освојувајќи го Европското првенство во 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Бомба“: Конте може да заврши во Истанбул!

Фенербахче активно бара нов тренер, а еден од водечките кандидати за улогата на главен стр…