Aнглиските медиуми пишуваат дека победата од 6:1 против Астон Вила играчите на Манчестер Сити ја прославиле во луксузен хотел во кој довеле повеќе италијански убавици.
„Меre Golf Resort and Spa“ во Кнутсфорд ндалеку од населбата во која живеат поголемиот дел играчи на Манчестер Сити бил место на кое се одржала луда забава. Дека нешто се случувало хотелот потврдуваат фотографиите објавени на Инстаграм на девојките кои се забавувале со фудбалерите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сан“ открива дека еден фудбалер на Сити не поминал баш најдобро после забавата.
„Еден играч на Сити помина најлошо. Неговата сопруга полудела кога дошол дома. Таа му дозволила малку слобода, но не ни претпоставувала дека тој ќе остане во хотелот до седум часот наутро. Нејзиното расположение не и се поправило кога дознала за девојките“, пишува „Сан“.