Дома Останати Кошарка Дончиќ донел подароци за соиграчите на Лос Анџелес Лејкерс (Видео)

Дончиќ донел подароци за соиграчите на Лос Анџелес Лејкерс (Видео)

Лука Дончиќ ги изненади соиграчите од Лос Анџелес Лејкерс со подарок, објавено е на Инстаграмот на клубот. Сите собирани играчи на Лејкерс добија пар нови патики, само неколку дена откако ги почести со одење на Porsche Driving Experience.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тогаш потроши нешто повеќе од 3000 долари по соиграч за да се зближат пред почетокот на новата сезона. Сега направи нов чекор изненадувајќи ги со нов пар патики. Нивните реакции ги објави на Стори на Инстаграм, а навивачите ги коментираа неговите потези како потези на добар водач на тимот. Во видеото се прикажуваат некои од соиграчите, како Далтон Кнехт и Крис Манон, како реагираат на подарокот.

Дончиќ влегува во својата прва целосна сезона како играч на Лејкерс, каде беше разменет од Далас Маверикс на почетокот од февруари. Минатата сезона играше со просек од 28.2 поени, 8.2 скока и 7.7 асистенции по натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Пелистер прегазен во Скопје, МЗТ ќе игра за нова титула!

МЗТ Скопје со убедлива победа од 87-58 против Пелистер обезбеди пласман во финалето на мак…