Дома Останати Кошарка Димитријевиќ го води Баерн кон финале во Бундеслигата

Димитријевиќ го води Баерн кон финале во Бундеслигата

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ повторно имаше значајна улога во новиот триумф на Баерн Минхен, кој убедливо го совлада Бон со 91-69 во вториот полуфинален натпревар од германската Бундеслига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Баварците уште од самиот почеток го наметнаа своето темпо и практично ја решија дилемата околу победникот пред паузата. Баерн на полувремето замина со високи 50-25, создавајќи предност која без проблем ја задржа до последниот звук на сирената.

Димитријевиќ одигра квалитетен натпревар и средбата ја заврши со 13 поени, шест асистенции и два скока, потврдувајќи ја својата важност во составот на германскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кошаркарите дознаа против кого ќе играат во борбата за место на Европското првенство (Фото)

Македонската кошаркарска репрезентација ги дозна ривалите во втората рунда од претквалифик…