Дома Фудбал Италија Дерби на денот: Интер бара одмазда, Милан трета победа по ред

Дерби на денот: Интер бара одмазда, Милан трета победа по ред

Денес во фудбалска Европа има неколку дерби натпревари, но секако во фокусот ќе биде Дерби Дела Мадонина, помеѓу Милан и Интер.

Ова е трето дерби помеѓу миланските гиганти оваа сезона и два пати беше поуспешен Милан, притоа едното дерби беше за трофеј во финалето од Суперкупот.

Милан игра топло-ладно


Каков луд викенд: Интер - Милан и Манчестер Сити - Арсенал ↓↓↓


Очекувањата на Милан пред почетокот на сезоната беа многу поголеми и „росонерите“ разочараа во првиот дел од сеозоната. Сметката за слабите резултати ја плати тренерот Пауло Фонсека, кој доби отказ, а на негово место пристигна Консеисао. Новиот тренер веднаш донесе позитивен импулс во тимот и за само една недела го освои првиот трофеј. Милан триумфираше во Суперклупот и за само три дена ги победи најголемите ривали Јувентус и Интер. „Росонерите“ со тоа покажаа дека имаат кавлитет за највисоки дострели, но нешто не функционирало во тимот. На последните три меча запишаа два порази, од Јувентус и Динамо Загреб, па јасно е дека тимот не е во добра форма. Пристигна Кајл Вокер, кој ќе биде стартер на десната бековска позиција, но замина Мората. На негово место доаѓа Сантиаго Гименез, кој нема да биде во конкуренција за овој меч.

Интер бара одмазда

Интер е во одлична форма и серија од победи, па се доближи на врвот на три бода, но и натпревар помалку. Главна цел за Симеоне и дружината секако останува Скудетото, каде се најголемите фаворити бидејќи се актуелни шампиони.  Дуел против градскиот ривал е секогаш посебен мотив и Интер како фаворит влегува во овој дуел. Меѓутоа, „нероаѕурите“ оваа сезона два пати загубија од „росонерите“, еднашм во првенството и еднаш во Суперкупот. Последниот пораз беше многу болен бидејќи беше за трофеј и Интер испушти предност од два гола. Сега иако номинално ќе биде како гостин во ова дерби, сигурно ќе има посебен мотив за „одмазда“’, но и атмосферата во тимот е подобра. Најголемиот ривал Наполи и гостува на Рома, па со победа Интер може додатно да се доближи до врвот.

Очекување

Миланските дербија се секогаш непредвидливи и нема фаворити, но исто така по традиција се богати со голови, па очекуваме така да биде и овој пат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Олд Трафорд не памети вакво нешто, седми пораз по ред на Јунајтед

Манчестер Јунајтед претрпе ново разочарување на „Олд Трафорд“ и беше совладан од Кристал П…