Дома Фудбал И последниот човек на Морати го напушти Интер, не е до 100.000 евра – до принципот е!

И последниот човек на Морати го напушти Интер, не е до 100.000 евра – до принципот е!

Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио, ќе замине од клубот на крајот на сезоната, бидејќи двете страни не успеаја да постигнат договор за продолжување на соработката, пренесуваат италијанските медиуми.

Аусилио има договор со Интер кој истекува во јуни 2027 година, но преговорите за нов договор не беа успешно завршени.

Во Интер дојде во 1997 година како секретар во младинскиот сектор, во време кога клубот беше во сопственост на Масимо Морати.

Во декември 2010 година беше именуван за спортски директор, позиција која ја вршеше до денес.

Според „Корјере дела Сера“, Аусилио ја оценил понудата на Интер како несоодветна бидејќи му беше предложено продолжување само за една година, до јуни 2028 година.

Предлогот вклучуваше зголемување на годишната плата од 1.300.000 на 1.400.000 евра, со дополнителни бонуси.

Сопствениците на Интер наводно се изненадени од одлуката на Аусилио, а италијанскиот директор, според достапните информации, моментално нема понуда од друг клуб.

Скај Спорт Италија наведува дека не е исклучена можноста Аусилио да го напушти Интер пред истекот на актуелната сезона.

Во случај на порано заминување, соработката би била прекината со спогодбен договор помеѓу двете страни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oва се екипите кои најмногу потрошија во преодниот рок

Заврши уште еден летен трансфер период, барем кога станува збор за најсилните пет европски…