Дома Останати Кошарка Дебакл за Јокиќ и друштвото: Оклахома ги „смрзна“ на „минус 43“! (Видео)

Дебакл за Јокиќ и друштвото: Оклахома ги „смрзна“ на „минус 43“! (Видео)

Изминатата ноќ кошаркарите на Денвер Нагетс со Никола Јокиќ одиграа една од најлошите натпревари во историјата на НБА плејофот. Тие беа совладани од Оклахома Сити Тандер со резултат 149:106.

За да биде уште полошо за Нагетс, Јокиќ беше исклучен во третата четвртина поради шеста лична грешка, од кои четири ги направи во напад.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Од самиот почеток беше јасно дека Оклахома доминира, а тимот успеа да постави рекорд во НБА плејофот по бројот на поени во првото полувреме. Имено, Тандер постигнаа 87 поени уште до полувремето, нешто што никој досега не успеал во плејоф.

Јокиќ беше исклучен во третата четвртина, а многумина на социјалните мрежи се прашуваа дали намерно беше исклучен поради веќе загубениот натпревар и потенцијалниот одмор за следниот дуел од големо значење.

Предноста на Оклахома континуирано растеше, а четири минути пред крајот изнесуваше неверојатни 49 поени. Натпреварот брзо заврши.

Шеј Гилџегус-Александер беше најдобар стрелец во Тандер со 34 поени, осум асистенции и четири скока, додека Џален Вилијамс постигна 17 поени.

Кај гостинскиот Денвер исклучениот Јокиќ постигна 17 поени и додаде осум скока и шест асистенции. Најефикасен во екипата беше Расел Вестбрук со 19 поени.

Фото:Оklahoma City Thunder/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Неочекуван проблем за Лејкерс: Дончиќ мора да направи пауза (Фото)

Лука Дончиќ ќе мора да направи кратка пауза. Кошаркарот на ЛА Лејкерси го истегнал левиот …