Дома Фудбал Барса имаше страшна сезона: Вакво нешто никогаш претходно не се случило во Ла Лига!

Барса имаше страшна сезона: Вакво нешто никогаш претходно не се случило во Ла Лига!

Барселона сезоната 2025/26 нема да ја памети само по освојувањето на титулата во Ла Лига, туку и по историскиот успех како прв тим што победил на сите домашни натпревари во шпанското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Со триумфот од 3:1 против Реал Бетис, благодарение на двата гола на Рафиња и еден погодок на Жоао Кансело, Каталонците ја завршија сезоната без ниту еден загубен бод пред своите навивачи.

Тимот предводен од Ханси Флик славеше на сите 19 домашни натпревари сезонава, иако во текот на првенството неколкупати го менуваше стадионот на кој настапуваше. Барселона беше домаќин на три различни стадиони, но на секој од нив успеа да остане непоразена.

Со тоа, Барса стана првиот клуб во историјата што победил на сите домашни лигашки средби, не дозволувајќи ниту еден противник да освои бодови на стадионите „Сант Жоан“, Олимпискиот стадион и Камп Ноу.

На „Сант Жоан“ беа совладани Валенсија и Хетафе, на „Монжуик“ паднаа Реал Сосиедад, Џирона и Елче, додека на реновираниот „Камп Ноу“ редум беа победени Атлетик Билбао, Алавес, Атлетико Мадрид, Осасуна, Овиедо, Мајорка, Леванте, Виљареал, Севиља, Рајо Ваљекано, Еспањол, Селта Виго, Реал Мадрид и Реал Бетис.

Импресивна е и гол-разликата на домашен терен — Барселона постигна 57 голови, а прими само 10.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалерите и ракометарите на Вардар заеднички ќе ги слават титулите!

По завршувањето на саботниот дуел меѓу ФК Вардар и ФК Шкендија, „црвено-црните“ ќе ја стар…