Дома Фудбал Останато Aнгличаните со доминацијата во Европа оваа сезона испишаа историја

Aнгличаните со доминацијата во Европа оваа сезона испишаа историја

Челзи вчера преку пенали успеа да дојде до финалето во Лигата на Европа, додека Арсенал порано ја заврши својата работа и триумфираше против Валенсија со 4:2.

Пред Челзи и Арсенал во Лигата на шампионите за финале после спектакуларни пресврти се изборија Ливерпул и Тотенхем. Така ова е прв пат во историјата во двете европски натпреварувања да играат финалисти од иста земја.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во Лигата на шампионите за прв пат после 11 години ќе гледаме англиско финале. Претходното англиско финале го играа Манчестер Јунајтед и Челзи во Москва во 2009 година. Во Лигата на Европа за прв пат гледаме два англиски тима во борба за трофејот.

Она што е посебно интересно е што дури три екипи од четирите финалисти доаѓаат од ист град, Лондон. Лондон е еден од најфудбалските градови има многу тимови од овој град, а сега може да се гордее што ќе има три преставници во финалните средби.

Така овој град има шанса да го стигне Мадрид кој има два европски трофеи во една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Терзиќ: Горди сме на помошта за братска Македонија

Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена Ѕвезда, се обрати на јавноста по хуманитарн…