
Новак Ѓоковиќ обезбеди учество во осминафиналето на мастерсот во Индијан Велс со победа над Американецот со српско потекло Александар Ковачевиќ, а во наредното коло го очекува дуел против Британецот Џек Дрејпер.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Освојувачот на 101 трофеј во сингл на професионалните турнири ќе игра против 14. играч во светот во ноќта помеѓу среда и четврток, а проекцијата е дека мечот Ѓоковиќ – Дрејпер ќе биде на ред околу два часот по полноќ по средноевропско време, а тоа е 18 часот во калифорниската пустина.
Ова ќе биде втор меч меѓу Србинот и Британецот, а освојувачот на 24 гренд слема го победи Дрејпер во првото коло на Вимблдон 2021.
Победникот од овој меч ќе игра во четвртфинале против подобриот од дуелот Данил Медведев (Русија, ATP 11) – Алекс Микелсен (САД, ATP 44), кој е на програмата значително порано.