Дома Фудбал Елмас може да направи голем трансфер – го следи Манчестер јунајтед!

Елмас може да направи голем трансфер – го следи Манчестер јунајтед!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во последно време има се поважна улога во составот на Наполи. Играчот од средниот ред редовно добива шанса и со своите настапи се наметнува како значаен дел од тимот кој го предводи тренерот Антонио Конте.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одличната форма на Елмас, кој може да одговори на повеќе позиции на теренот, не останала незабележана ниту надвор од Италија. Според информациите од странските медиуми, интерес за македонскиот репрезентативец покажал и англискиот гигант Манчестер јунајтед.

Наводно, луѓето во клубот од Манчестер внимателно ја следат ситуацијата со Елмас и можно е да испратат понуда во текот на летниот преоден рок.

Сепак, во Неапол не размислуваат лесно да се разделат со македонскиот „дијамант“. Според истите извори, раководството на Наполи за негов евентуален трансфер би барало обештетување од околу 16 милиони евра. Воедно се наведува дека клубот од Манчестер не е единствениот од англиската лига кој покажал интерес за Елмас.

Во последното коло Елмас повторно го привлече вниманието откако се запиша во листата на стрелците за Наполи, а добриот настап му донесе и место во идеалниот тим на колото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мексиканците им зададоа шлаканица на Американците на отворањето на СП: Забрането знаме пред очите на целиот свет

Мексиканците зададоа жестока шлаканица на Американците на отворањето на Светското првенств…