Дома Фудбал Јамал ги спаси Каталонците од пораз!

Јамал ги спаси Каталонците од пораз!

Нукасл и Барселона одиграа нерешено 1:1 во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Натпреварот беше исклучително динамичен, а двата постигнати гола беа најмалку што можеше да види преполниот “Сент Џејмс Парк”. Средбата одеше кон реми, откако на средината од второто полувреме судијата поништи погодок на “чавките” поради офсајд, но сепак, малку пред крајот на регуларното време, Харви Барнс (86′) постигна гол.

Така изгледаше дека домаќините ќе постигнат историски успех, но во дополнителното време направија клучна грешка и направија пенал, кој Ламин Јамал (90’+6′) го претвори во гол и не дозволи противникот да замине на реваншот со предност.

Сè ќе се решава на “Камп Ноу” за една недела, а тогаш Нукасл треба да покаже дека може повторно да се надигра со најдобрите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eпски скандал: Во Холандија може да се повторат 133 натпревари!

Холандската лига би можела да се соочи со значителни предизвици поради хаосот што произлез…