Дома Фудбал Неубедлив Ливерпул повторно поразен од Галатасарај

Неубедлив Ливерпул повторно поразен од Галатасарај

Ливерпул повторно загуби со 1:0 од Галатасарај во Истанбул. Oткако тоа се случи во септември во основната фаза на Лигата на шампионите, денес истата резултат се повтори и во првиот дуел помеѓу двата тима во осминафиналната фаза на натпреварувањето.

Галатасарај ја заслужи победата со подобра игра во првиот дел, откако Марио Лемина го постигна голот уште во седмата минута. Тоа се случи по првиот корнер пред голот на англискиот шампион, кој повторно покажа дека има големи проблеми во одбраната при статични ситуации пред својот гол.

Во целост, Ливерпул играше многу неуверено во одбраната. Во второто полувреме двата тима постигнаа по еден гол, но тие беа поништени. Инаку, тимот од Мерсисaјд доминираше по паузата, но тоа не им помогна да си заминат со нешто повеќе од „Рамс Парк“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …