Дома Фудбал Готово е! Флик ја донесе одлуката за судбината на Рашфорд!

Готово е! Флик ја донесе одлуката за судбината на Рашфорд!

Манчестер Јунајтед фрли “око” на ѕвездата на Барселона среде потенцијален трансфер со кој Рашфорд може да остане во Шпанија.

Рашфорд дојде во Барселона од Манчестер Јунајтед на позајмица до крајот на сезоната со опција за откуп на договорот во летниот преоден рок.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според шпанскиот Мундо Депортиво, за договорот да биде постојан, Барселона ќе мора да плати 30 милиони евра на адресата на тимот од Англија.

Шпанскиот медиум тврди дека Рашфорд речиси сигурно ќе остане на Камп Ноу и следната сезона затоа што ги импресионирал сите.

Оваа сезона на 37 одиграни натпревари во сите натпреварувања постигна 10 гола.

Сепак, еден негов сегашен соиграч би можел да тргне во спротивен правец и следната сезона би требало да го носи дресот на Манчестер Јунајтед.

Имено, челниците на Манчестер Јунајтед го сакаат левиот бек Алехандро Балде наредното лето.

Нов бек е она што најмногу го сака Карик ако остане тренер на Манчестер Јунајтед и следната сезона.

Балде дебитираше за Барселона во 2021 година, а доби многу поголем простор за игра следната сезона кога тренер беше Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хрватите ќе се молат за Мундијалот: Модриќ сезоната во Милан ја заврши!

Од Милано пристигнуваат вознемирувачки вести за Хрватите за повредата на Лука Модриќ. Капи…