Дома Фудбал Реал Мадрид ослабен ќе го дочека Манчестер сити

Реал Мадрид ослабен ќе го дочека Манчестер сити

Реал Мадрид доби лоши вести пред првиот дуел против Манчестер Сити во осминафиналето од Лигата на шампиони, откако стана јасно дека францускиот напаѓач Килијан Мбапе нема да биде подготвен за настап.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Кралскиот клуб“ до последен момент се надеваше дека една од своите најголеми ѕвезди ќе успее да се опорави навреме, но тренерот Алваро Арбелоа и официјално потврди дека Мбапе нема да биде во комбинација за првиот натпревар.

Французинот во меѓувреме се врати на тренинзите со екипата, но неговата физичка подготвеност сè уште не е на потребното ниво за да настапи против англискиот шампион.

Првиот осминафинален дуел меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити се игра утре од 21 часот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо веќе има огромна главоболка во Реал

Едер Милитао и Раул Асенсио ќе го пропуштат почетокот на сезоната поради повреди, па Жозе …