Дома Фудбал Останато Оливеира му го зеде појасот на Холовеј во Лас Вегас (Видео)

Оливеира му го зеде појасот на Холовеј во Лас Вегас (Видео)

Чарлс Оливеира доминантно го освои појасотод Макс Холовеј во главната борба на UFC 326 во Лас Вегас. Бразилецот триумфираше по пет рунди со едногласна одлука на судиите (50-45 x3). На тој начин му се реваншираше на Холовеј за поразот кој го претрпе од него уште во 2015 година. Тогаш, Холовеј победи по повредата на Оливеира во првата рунда.

Сите пет рунди изгледаа слично. По краток стоен меч и обиди на Холовеј да нападне, Оливеира брзо ја пренесе борбата на партер, каде што го издоминира противникот. Холовеј беше немоќен, а Оливеира ја контролираше борбата. Далеку подобриот борец неколку пати беше блиску до тоа да го совлада противникот, но Холовеј успеа да преживее до крајот. Сепак, исходот на мечот беше јасен и пред да се објави.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Oдбојкарите поразени од Украина на вториот натпревар на Европското првенство

Македонската одбојкарска репрезентација го претрпе и вториот пораз на Европското првенство…