Mихaил Антонио, 34-годишниот фудбалер на Вест Хем и репрезентативец на Јамајка, добро се опоравува по тешката сообраќајна несреќа во која учествуваше на почетокот на декември минатата година.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Никогаш во животот немав потешка повреда, но се опоравувам многу добро. Лекарите велат дека во моментот сум два или три месеци пред предвиденото закрепнување и сум уверен дека повторно ќе можам да играм фудбал“, изјави Антонио кој од 2015 година е член на Вест Хем.
На почетокот на декември минатата година Антонио беше учесник во сообраќајна несреќа во која тешко ја повреди ногата.