
Оклахома Сити Тандер ги совлада Лејкерс со резултат 4-0 во серијата и се пласира во финалето на плејофот од Западната конференција.
По убедливи победи во првите три натпревари (108:90 и 125:107 во Оклахома, како и 131:108 во Лос Анџелес), четвртиот натпревар, одигран во Лос Анџелес, донесе драматична завршница во која Тандер славеше со 115:110 и продолжи понатаму.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во последната минута се влезе при резултат 109:108 за Оклахома, откако Маркус Смарт постигна две слободни фрлања за предност од 110:109 за Лејкерс.
Сепак, од тој момент па до крајот на мечот, Лејкерс не успеа да постигне ниту еден кош, додека за Тандерси погодуваа со неколку забивања..
Гилџус Александер беше водечки играч за Оклахома со 35 поени и 8 асистенции, додека на спротивната страна, Леброн Џејмс беше најдобар со 24 поени и 12 скокови.