Дома Останати Ракомет Убава вест за Вардар: Го задржа еден од најважните луѓе во стручниот штаб!

Убава вест за Вардар: Го задржа еден од најважните луѓе во стручниот штаб!

Ракометниот клуб РК Вардар денеска потврди дека соработката со тренерот на голманите Марио Келентриќ ќе продолжи и во наредните години. Според новиот договор, Келентриќ останува во таборот на „црвено-црните“ до јуни 2028 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хрватот во Вардар пристигна минатата сезона, а клубот очигледно е задоволен од неговата работа, особено по успешната сезона во која скопскиот тим повторно стигна до двојната круна на домашната сцена.

Во текот на својата играчка кариера, Келентриќ беше дел од славната хрватска генерација која го освои светското злато на Мундијалот во Португалија во 2003 година, како и олимпиското сребро во Атина една година подоцна. Настапуваше за клубови како РК Загреб, РК Целје, Метковиќ, Есен и Мелсунген.

По завршувањето на активната кариера се посвети на тренерската работа, а значајно искуство стекна во ВФЛ Гумерсбах, каде четири години работеше со голманските категории. Беше ангажиран и во репрезентацијата на Босна и Херцеговина, како и во ППД Загреб и Слога Добој.

Од Вардар потенцираат дека голманите сезонава биле меѓу најзаслужните за добрите резултати на тимот, а токму Келентриќ имал важна улога во нивната форма и напредок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ЕХФ ѝ додели организација на Македонија на ЕП до 18 години!

Македонија доби уште една значајна организација на големо ракометно натпреварување, откако…