Дома Фудбал Убав гест: Македонски репрезентативци ги изненадија младите футсалци во Бања Лука! (Фото)

Убав гест: Македонски репрезентативци ги изненадија младите футсалци во Бања Лука! (Фото)

Ученици од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ имаа специјални гости во Бања Лука. Во нивната база ги посетија македонските фудбалски репрезентативци и членови на Борац Бања Лука, Дамјан Шишковски и Себастијан Херера, кои дојдоа да им дадат поддршка и да ги охрабрат пред следните предизвици.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Поддршката од репрезентативците претставува силен ветер во грб за нашите футсалци, кои гордо ја претставуваат Македонија на Европското првенство во футсал што се одржува во Бања Лука, подготвени да го остават срце на теренот. Бања Лука е домаќин на Европското првенство во фустал за ученици до 18 години. Македонија во првото коло одигра нерешено против Словачка 4:4.

Стрелци на головите за Македонија беа Теодор Героски, Андреј Паскоски, Мартин Деркоски и Димитар Оклески. Државниот првак – СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ денеска ќе ја заврши групната фаза на Еврпското првенство, игра два натпревари. Во 10:30 часот е мечот со Унгарија, додека пак во 15:30 часот ќе игра против Белгија. Европското првенство е наменето за ученици до 18 години и обединува 15 екипи од целиот континент.

Покрај Македонија и Словачка, учество земаат и претставници од Белгија, Бугарија, Црна Гора, Чешка, Унгарија, Молдавија, Србија, Словенија и Република Српска. Македонската делегација во Бања Лука: Виктор Анѓелевски, Мартин Деркоски, Теодор Героски, Ведран Магленски, Леонид Митрески, Димитар Оклески, Давид Паскоски, Андреј Петрески, Бернис Селимоски, Бруно Стефаноски. Тренер: Илија Ангелески. Помошен тренер: Христијан Митрески. Судија: Димитар Здравески.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mурињо крена бура со последната изјава: Имајте трпение…

Жозе Мурињо, актуелниот тренер на португалска Бенфика, во последно време често се поврзува…