
Ламине Јамал повторно успеа да предизвика врева во Шпанија, овојпат за време на големото славје на Барселона по освојувањето на титулата шампион.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Младиот фудбалер на каталонскиот клуб беше еден од главните актери на парадата низ улиците на Барселона, а јавноста го привлече со потегот што предизвика многу реакции меѓу навивачите на Реал Мадрид.
Додека автобусот на Барселона минуваше низ градот, Јамал доби маица од навивачите со натпис: „Фала му на Бога што не сум мадридиста”, напишано на англиски. Младиот репрезентативец на Шпанија не го одби подарокот, туку со насмевка ја носеше маицата и славеше заедно со соиграчите.
