Дома Останати Ракомет Алкалоид закажа финале против АЕК во Европскиот куп на ЕХФ

Алкалоид закажа финале против АЕК во Европскиот куп на ЕХФ

Македонскиот ракометен клуб Алкалоид испиша нова страница во својата историја, обезбедувајќи пласман во големото финале на ЕХФ Европскиот куп. Иако попладнево на гостувањето во Норвешка загубија од тимот на Рунар со резултат 29-34, македонските ракометари покажаа карактер и успеаја да ја завршат работата во драматична завршница.

Благодарение на победата од 42-37 на првиот натпревар кој се одигра минатата недела во Скопје, вкупниот резултат беше израмнет, што доведе до изведување пенали за одредување на финалистот. Во пенал-серијата, Алкалоид беше посмирен и поконцентриран, триумфирајќи со 3-1, и на тој начин избори историски пласман во финале на едно европско натпреварување – првпат во историјата на клубот.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Во борбата за трофејот, Алкалоид ќе се соочи со грчкиот тим АЕК Атина, кој во другото полуфинале успеа да биде подобар од босанскиот претставник Извиѓач.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар имаше среќа: Доби одлична група во Лига Европа!

Македонскиот ракометен великан Вардар може да биде задоволен од денешната ждрепка за групн…