
Тензиите во соблекувалната на Реал Мадрид не само што не попуштија по вчерашната расправија меѓу Федерико Валверде и Орелиен Чуамени, туку во последните часови достигнаа критична точка.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Атмосферата во Кралскиот клуб доживеа уште еден сериозен удар што принуди управата да преземе сериозни мерки и да формира кризен штаб за итни случаи.
Според извештаите на шпанската Marca, се случил нов инцидент во центарот на кој повторно беа Феде Валверде и Орелиен Чуамени.
🚨 𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: Aurelien Tchouameni and Fede Valverde got into another FIGHT today. They had a fight yesterday, but today’s fight was WORSE.
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) May 7, 2026
Fede Valverde went to the HOSPITAL after the fight. Real Madrid are now holding an emergency meeting.
— @marca pic.twitter.com/FF5UssuQqu
Оваа расправија била оценета како “многу сериозна”. Од првиот миг, караницата била екстремно жестока и брзо прераснала во физичка пресметка, што ги принудило соиграчите брзо да интервенираат и да ги раздвојат.
Ситуацијата ескалираше до степен што Валверде, по тепачката, заврши на болничко лекување.
Извори блиски до случувањата во Мадрид известуваат дека овој конфликт бил значително потежок и поинтензивен од оној што се случи претходниот ден во тренинг-центарот Валдебебас.
Сериозноста на случувањето доведе до итен состанок во соблекувалната, во само неколку минути по инцидентот. Ниту еден играч не го напуштил спортскиот центар додека траеше кризниот состанок, кој сличен не се памети во поновата историја на клубот.
Главната цел на оваа средба беше да се спречи натамошна ескалација на насилството и да се решат проблемите кои сериозно загрижуваат на највисоко ниво на управата, која размислува за санкции.
Во моментот, атмосферата во Реал Мадрид е исполнета со крајна тензичност. Внатрешните поделби и нервоза во соблекувалната се јасно изразени, а секојдневно расте чувството меѓу играчите и тренерскиот штаб дека ситуацијата е далеку од разрешување.