Дома Фудбал Знаете ли дека финалето во Лигата на шампионите оваа година се игра во термин како никогаш претходно?

Знаете ли дека финалето во Лигата на шампионите оваа година се игра во термин како никогаш претходно?

Откако стана јасно дека на 30 мај во Будимпешта ќе играат Арсенал и Пари Сен Жермен во финалето на Лига на шампиони, важно е да се истакне дека времето на одржување на оваа завршна средба е изменето оваа година.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


ПСЖ и Арсенал се изборија за место во најважниот натпревар на европскиот фудбал. Триумфот на Парижани над Баерн Минхен ги доведе до финалето, додека Арсенал беше подобар од Атлетико Мадрид во двомечниот дуел, што го закажа големото финале.

Натпреварот за титулата европски шампион ќе се одржи на 30 мај во Будимпешта оваа година, а терминот на почеток доживеа значајна промена.

Наместо традиционалниот почеток во 21 часот, гледачите ќе го следат финалето на Лигата на шампиони од 18 часот, што претставува значајна измена оваа година.

Причината за оваа промена, според истакнувањето на УЕФА, е подобрување на искуството на навивачите во денот на натпреварот, правејќи го настанот подостапен за помладата публика и меѓународните гледачи.

“Финалето на Лига на шампиони е врвот на фудбалската сезона, а новото време за почеток ќе го направи настанот уште подостапен, инклузивен и влијателен за сите што се вклучени,” објасни претседателот на Европската фудбалска организација, Александер Чеферин.

Тој исто така нагласи дека порано завршување на финалето значи и повеќе време за навивачите да уживаат во остатокот на вечерта.

Финалниот натпревар на Лига на шампиони ќе се одржи на спектакуларната Пушкаш Арена која има капацитет од 68.000 гледачи. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Никој не го очекуваше ова од Дембеле на крајот од натпреварот во Минхен, а најмалку ѕвезда на Барселона (Видео)

ПСЖ се пласираше во големото финале на Лигата на шампионите каде ќе ја брани титулата шамп…