
Алисон Бекер по осум години го напушта Ливерпул и ја продолжува кариерата во Јувентус, а 33-годишниот Бразилец на „Анфилд“ може да го замени српскиот репрезентативец Ѓорѓе Петровиќ.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Секако, тука е веќе Грузиецот Георгиј Мамардашвили кој е сериозен избор за голманската позиција, но „Црвените“ сакаат уште еден чувар на мрежата и разгледуваат неколку имиња.
Меѓу нив е и српскиот голман Ѓорѓе Петровиќ. 26-годишникот врши навистина одлична работа на голот на Борнмут и привлече внимание од страна на Ливерпул.
За сега е, меѓутоа, само меѓу кандидатите за доаѓање на „Анфилд“. Има уште неколку имиња кои би можеле да ја носат ‘единицата’.
Покрај Петровиќ, со „Црвените“ се поврзуваат Лукас Шевалие (ПСЖ), Емилијано Мартинез (Астон Вила) и Барт Вербруген (Брајтон), и ќе видиме за кој ќе се одлучат челниците на Ливерпул.