
Ракометарите на Охрид конечно го пронајдоа рецептот за Алкалоид оваа сезона, славејќи во дербито во Автокоманда со 27-26. Со оваа победа, охриѓани направија значаен исчекор на табелата во Суперлигата, искачувајќи се на второто место пред Пелистер.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Домаќинот подобро го отвори натпреварот и во воведните минути имаше контрола на резултатот, создавајќи предност од три гола (7-4), која ја одржуваше до 9-7. Потоа следуваше пресврт, гостите ја презедоа иницијативата и со серија од 4-0 повторно дојдоа до водство (11-10).
Финишот на првото полувреме му припадна на тимот предводен од Борис Ројевиќ, кој во тие моменти одигра најдобро и создаде убедлива предност од пет гола, заминувајќи на пауза со 17-12.
Охрид ја одржуваше високата разлика и во второто полувреме, но Алкалоид не се предаваше. Во последните десет минути, избраниците на Кирил Лазаров успеаја да се доближат на само два гола негатива, а имаа и напад за минус еден. Сепак, голманот Пилиповиќ блесна со клучна интервенција, задржувајќи ја предноста на гостите (21-23 во 52. минута).
Иако Алкалоид во самиот финиш повторно се приближи, времето не беше доволно за комплетен пресврт, па бодовите заминаа на контото на Охрид.