Дома Фудбал Италија Aлегри: Конечно луѓето можат да кажат дека Јувентус не може да го освои Скудетото

Aлегри: Конечно луѓето можат да кажат дека Јувентус не може да го освои Скудетото

Јувентус вчера беше поразен од Интер во дербито во Серија А, „Старата дама“ изгледа добро на теренот, во најголем дел од натпреварот беше и подобар противник, но на крајот голот на Чалханоглу од белата точка беше решавачки.

Тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри е задоволен од она што го прикажала неговата екипа и порача дека сега Јувентус дефинитивно не е кандидат за Скудетото сезонава.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ова беше добар Јувентус, овој тим се подобрува, имавме повеќе вертикални додавања, подобро ги пронаоѓаме напаѓачите и добро работевме на техничко ниво Конечно, луѓето можат да кажат дека Јувентус е дефинитивно надвор од трката за Скудетото! Треба само да освоиме што е можно повеќе бодови за да го обезбедиме четвртото место, а потоа да се подготвиме за силен почеток на следната сезона“, изјави Алегри.

Јувентус имаше слаб почеток на сезоната и токму затоа во овој момент лидерската позиција изгледа далеку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп разочаран им се извини и на навивачите

Ливерпул вчера неочекувано беше поразен во градското дерби против Евертон со 2:0 и така др…