Tренерот на Арсенал, Микел Артета остана на својот став со жестоките критики на судиите, истакнувајќи дека тие критики се поткрепени и со докази.
Артета беше бесен пораду судењето во натпреварот помеѓу Арсенал и Њукасл во саботата во Премиер лигата, натпревар кој неговата екипа го загуби со 0:1. Посебно спорна е ситуацијата при голот на Антони Гордон кој се проверуваше во ВАР собата, но на крајот беше признат.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
„Моја должност е да ги бранам и поддржувам моите играчи, секогаш ќе го поддржувам мојот клуб. И јас тоа не го правам поради некакви чувства туку со докази кои јасно можат да се видат“, изјави Артета на прес-конференцијата.
Исто така Артета е спремен на следниот состанок со судиите да ги наведе бројните одлуки кои се на штета на неговиот клуб.
„Должни сме да покажеме како се чувствуваме со доказите кои ги имаме. Мораме да се залагаме за нашите луѓе и вредностите за она што сме“, истакна тренерот на лондонскиот клуб.
Арсенал на табелата во Премиер лигата се наоѓа на четвртото место со 24 бода, три помалку од водечкиот Манчестер Сити.